Љубомир Цуцуловски на ФБ:
КОЈ КАКО ЌЕ ДОЈДЕ… Денес Заев (во негов стил) објасни дека „бомбите“ на Ел Чека имале политичка цел. Единствено заборави да објасни каква цел имаа „бомбите“ со кои, заедно со неговата, веќе збунета и разбегана камарила, дојде на власт. Исто така, заборави дека истите средства со кои се доаѓа на власт, можат да послужат како средства да се замине од власта, бидејќи во светот (за кого веруваше дека неограничено му припаѓа) нема трајни пријателства, туку единствено трајни интереси. „Пријателствата“ на кои толку многу им се радуваше (дури и Нобелова награда ќе му се доделеше) не се ништо, освен евтини средства за остварувања на одредени интерси. Потоа, откако алатката ќе ја оствари целта, се заборава и се става на страна, како и секоја ислужена и непотребна ствар. Нејзината судбина прекинува да биде нивен (на менторите) интерес, бидејќи веднаш се пуштаат во потрага по нов „пријател“.