Детето ѕвезда од „Терминатор 2“, Едвард Фурлонг се враќа како Џон Конор во новиот, шести „Терминатор“ филм, со поднаслов „Мрачна верба“, чија премиера ќе се случи на 1 ноември годинава.

Режисерот на филмот, Џејмс Камерон тоа го соопшти на Конференцијата за стрипови во Сан Диего.

Од објавените трејлери, веќе се знаеше дека улогите ќе ги повторат и Арнолд Шварценегер и Линда Хамилтон.