Познати се сите осминафинални двојки на Светското првенство 2018 по одигрувањето на вчерашните натпревари.

Големото дерби е меѓу Франција и Аргентина, додека натпреварот Уругвај – Португалија се очекува, исто така, да понуди многу возбудувања.

Двојки за осминафинале на СП 2018:

30 јуни:
Уругвај – Португалија (Сочи)
Франција – Аргентина (Казан)

1 јули:
Шпанија – Русија (Москва)
Хрватска – Данска (Нижни Новгород)

2 јули:
Бразил – Мексико (Самара)
Белгија – Јапонија (Ростов на Дон)

3 јули:
Шведска – Швајцарија (Санкт Петербург)
Колумбија – Англија (Москва).