Јувентус е на пат да направи нов голем трансфер. Се чини дека напаѓачот на Интер, Мауро Икарди се подготвува да премине кај шампионите на Италија, пишува „Фудбал Италија“.
Вчера, на 19 јули, гигантот од Торино ги објави броевите на играчите за следната сезона. Освен Матаис де Лихт, Адриен Рабио и Арон Ремзи, Гонзало Игуаин доби нов број, што беше сосема неочекувано.
Минатата сезона Аргентинецот играше со „деветката“ на грбот, а во наредната кампања ќе носи дрес со број 21. Според „Фудбал Италија“, Јувентус го оставил слободен број 9 за да му го даде на Икарди. Двете страни веќе се договориле, а платата на Икарди во Торино ќе изнесува 8 милиони евра годишно.
Во исто време, стана јасно дека Интер не го вклучил својот најдобар стрелец во составот за азиската летна турнеја.