Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат подобар живот и повеќе пари за граѓаните, истакна на денешната прес конференција портаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.
– Почитувани граѓани, почитувани новинари, Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат подобар живот и повеќе пари за граѓаните. Платите продолжуваат да растат. Со исплатата на јунската плата, стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16 отсто што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен. Платите на вработените во градинките повисоки за 16 отсто, го унапредуваме системот на детска заштита, рече Костадинов на прес-конференцијата.