Доналд Трамп може да биде суден откако ќе престане да биде претседател, рече специјалниот пратеник Роберт Малер на сослушувањето на Конгресот.
Малер беше повикан да сведочи за својот извештај за „руската истрага”, што траеше речиси две години. Внимателниот јазик што се користеше во него им овозможи на демократите и републиканците да се придржуваат кон сопственото мислење за тоа дали Трамп влегол во Белата куќа со помош на Кремљ и дали може да биде отстранет од функцијата поради тоа, јавија американски медиуми.
„Актуелниот претседател не може да биде суден; и отповикување е сложена процедура што бара податоци дека претседателот извршил тешки кривични дела како и широка јавна поддршка“.
Специјалниот обвинител не му препорача на Министерството за правда да подигне обвинение против претседателот, иако најде 10 случаи на „потенцијално попречување правда” и категорично посочи дека Русија интервенирала на изборите. Клучното нешто беше дека нема докази дека тимот на Трамп дејствувал свесно со Русите.
„По оваа истрага, ако бевме сигурни дека претседателот не сторил кривично дело, ќе треба да го кажеме тоа”, објасни Малер.
„Претседателот не може да биде обвинет за федерален прекршок додека тој е на власт … Значи, обвинението не беше можност што би можеле да ја разгледаме”, додаде Малер.
-Уставот налага процес поразличен од правосудниот систем, за да биде суден претседателот дека извршил нешто незаконско…Би било неправедно да се обвини за незаконски дела ако не може да има судски одлуки за тоа, наведе Малер. Според него, би било незаконски и подигнување обвинение што ќе биде запечатено, додека претседателот на ја напушти Белата куќа.