Припадниците на босанската специјална единица СИПА во близина на границата со Хрватска откриле огромен подземен простор , каде се одгледувала марихуана.

На семејниот имот , таткото и синот Радислав и Саша Наранчиќ направиле вистински подземен бункер во кој полицијата запленила огромно количество марихуана. Влезот во бункерот бил скриен под подвижна столица.

По влегувањето се гледа голем простор каде што се произведува марихуаната , а потоа и три сушилници и професионално поставена опрема за дотур на воздух , вода и извор на светлост.

Биле најдени и четири пиштоли , две автоматски пушки, 20.000 евра и големо количество пари во домашна валута , во марки. Таткото и синот се приведени и против нив е покренато обвинение во Бања Лука.