На спектаклот Коачела минатата година Бијонсе беше вистински хит и целиот музички фестивал беше наречен Бејчела , поради чудото што го направи со својата појава.

Бијонсе тогаш се појави со манекенски изглед , иако само 44 дена претходно роди близнаци. На концертот , сега 37- годишната пејачка го покажа затегнатото тело во жолта комбинација. По нешто повеќе од една година Бијонсе ја открива тајната .

На својот Јутјуб канал таа објави видео под наслов “Beyoncé – 22 Days Nutrition”. На почетокот застанува на вагата каде се покажува дека има 79 килограми.

Станува збор за дијета што се спроведува 22 дена , а таа ја практикувала двојно подолго. За тој период јадела само храна базирана на растенија.

Во видеото зборува физиологот на Бијонсе , Марко Боргес , кој ја објаснува силата на растенијата. Таа вели дека не е веганка , туку дека се храни со храна што е на растителна основа и избегнува процесуирана храна.