Под наслов „Министерот Каракачанов продолжува да раздава ордени на бившите колеги – агенти на комунистичките служби“, бугарските медиуми пишуваат за најновата афера на министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, инаку бивш соработник на службите, сега претседател на бугарското ВМРО.

Сите се повикуваат на текст објавен од сајтот „Фактор.бг“. Кога ќе го прочитате ова, знаејќи дека Бојко Борисов бил телохранител на Тодор Живков, дека бившиот претседател на Бугарија, Прванов, исто така бил соработник на службите по македонското прашање, тогаш можеби потписот на македонските комунисти, односно нивните наследници, на договорот со Бугарија, зад кој од другата страна очигледно стојат бивши кадри на бугарските служби, станува појасен. Впрочем, еве што објавија бугарските медиуми:

 

„Министерот за одбрана Красимир Каракачанов кој е познат како агент Иван од Шестата управа на ДС (всушност, негова главна задача е македонското прашање, н.з.), продолжува да ги наградува своите колеги од тоталитарните комунистички служби. Овој пат, тој го одликувал отпишаниот од МВР заради неисполнување на наредба, Славчо Велков, сега пратеник на БСП.

Откако пред неколку месеци тој го награди пратеникот од БСП Таско Ерменов, бивш кадар на Разузнавачката управа на генералниот штаб на БНА (бугарската армија, н.з.), сега го одликувал агентот Велков со орденот „За достоинство и чест“.

Тоа го објави сајтот фактор.бг повикувајќи се на свои извори во парламентот. Наградувањето се случило на церемонијата која следела по Ѓурговденската воена парада, на која се одликувани ветерани од војните и офицери. Славчо Велков кој сега ни е претставен како експерт по безбедност е врбуван како агент на ДС од Третата управа (воено контрарзузнавање) под псевдонимот „ПЕЕВ“ во 1974 година на 24-годишна возраст. Бил отпишан во 1987 година.

Од досието станува јасно дека мотивите за соработка со службите му биле „идеолошко-политички“. Неговата задача била да прибира сведоштва и докази за тоа како се чуваат воените тајни од вработените во пограничното одделение на БНА во Крумовград, а подоцна и од одделнијата во Хасково и Пазараџик каде работел.

Во армијата Велков бил примен и за член на бугарската Комунистичка партија, а подцна бил и секретар на првата партиска организација на БКП во Крумовград и Хасково.

Пред да биде врбуван за него е изготвен извештај, па уште во 1971 година е напишано дека „односот кон политиката на партијата е правилен“…

Во јуни 1983 одина Славчо Велков се разделува од народната армија и влегува во редот ан народната полиција, преселувајќи се во Софија. Тука останал три години, а работел во службата која ги изготвувала плановите за боева готовност. Подоцна добил отказ бидејќи одбил да изврши наредба со образложение дека здравствената состојба не му дозволува да ја изврши.

Во ноември 1989 година почнал да пишува писма до надлежните жалејќи се дека е жртва на системот.

Неодамна, орден од Каракачанов добил и уште еден соработник на службите, исто така пратеник на БСП, Таско Ерменов.