Истече дополнителниот рок во кој можеше да се комплетира потребната документација за барањата за легализација на дивоградби поднесени до општините во тек на 2011 и 2016 година.
Некомплетните барања за легализација, претежно со геодетски елаборат, беа причина за воведување на новиот рок, кој завршува денеска, со последните измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти од декември лани, а со кој се овозможи и дополнителен, трет рок, за поднесување барање за легализација, од јануари до крајот на годинава.
Како што информираат за МИА од Агенцијата за катастар на недвижности, со процесот на легализација што стартуваше во март 2011 година, заклучно со 31 мај годинава легализирани се 202.110 дивоградби и се впишани во Катастарот. Поединечно по градови, во Скопје биле впишани 65.420 бесправно изградени објекти, во Прилеп 14.554, Битола – 11.679, Куманово – 9.901, Струмица – 9.227…
Во Катастарот од почетокот на годинава се примени 508 барања за изработка на геодетски елаборати за легализација за примателите на социјална помош. По тој основ, во претходните рокови беа доставени 8.282 барања.
На почетокот на процесот на легализација на бесправно изградени објекти, од март до септември 2011 година, беа доставени над 360.000 барања. Во дополнителниот рок, пак, што беше овозможен на почетокот на 2016 година, беа поднесени уште 80.000 барања.
Како што се предвидуваше и со првото законско решение за оваа намена, услов за легализација на објектот е тој да бил изграден заклучно со 3 март 2011 година. Барањата се поднесуваат до општините, каде се приложува копија од лична карта, сметка од струја или вода или изјава на нотар дека објектот е изграден пред донесување на законот, по што процедурата предвидува и доставување геодетски елаборат. Целиот процес се заокружува со добивање имотен лист со што сопственикот сега наместо дивоградба има легален имот со кој може да тргува или да го стави како залог во банка за добивање кредити.
Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година на територијата на Македонија биле изградени нови 762 дивоградби. Лани бесправно биле изградени 138 објекти за домување, 122 доградби, надградби и адаптации, 78 деловни објекти, 53 гаражи, 128 огради, 10 скалила, 15 тераси, 24 летни тераси, 65 настрешници, 34 времени објекти и 95 помошни објекти.
Најголем број од бесправно изградените објекти (99,5 проценти) се во приватна сопственост.
По локации, во скопските општини имало нови 157 дивоградби, каде предничи Карпош со 39, по која следат Бутел со 37, Центар со 23, Аеродром 13, Гази Баба 12… Во останатите општини, во Охрид има 68 нелегално изградени објекти, во Струмица 53, Куманово има 44 нови дивоградби, Велес 36 дивоградби, во Битола 21.
Во 2016 година надлежните институции регистрираа 1.037 бесправно изградени објекти, од кои 203 за домување, 174 доградби, надградби и адаптации, 168 огради, 111 деловни објекти,