Со прекрасен концерт на групата „Некст Тајм“, општина Илинден на свечен начин го одбележа патрониот празник Илинден 2-ри Август и националниот празник на македонскиот народ.
Централната манифестација од одбележувањето на Денот на општината се одржа во прекрасниот амбиент во амфитеатарот на паркот „Галерија на отворено“, пред Домот на култура „Илинден“, каде голем број граѓани уживаа во преработките на старите македонски песни „Слушам кај шумат шумите“, „Ја излези Ѓурѓо“, „Нешто ќе те питам бабо….
На почетокот на свеченоста најнапред со честитки за Денот на Општината и националниот празник на македонскиот народ, на присутните им се обрати градоначалникот Жика Стојановски, кој најави многу нови проекти во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Илинден.