Легендата на Рома, Даниеле Де Роси, веќе е дел од аргентинскиот гигант Бока Јуниорс. 36-годишниот Италијанец потпиша со Бока, откако неговиот договор со Рома не беше обновен.
Де Роси помина 18 години во италијанската престолнина, а дури и размислувал да стави крај на кариерата, но љубопитноста да се проба како фудбалер во Аргентина сепак преовладала, станува јасно е од неговите зборови по потпишувањето со Бока Јуниорс за една сезона.
– Нема да се кријам, се плашев да дојдам со семејството во Аргентина. Живеев на едно место 36 години и идејата да се преселам ме вознемири. Но, сфатив дека во последните 20 години поминав во средина каде што фудбалот е луд 24 часа во дење и ноќе. Можев да одам на помирно место или дури и пофренетично. Го избрав второто и сигурен сум дека моето семејство и јас ќе уживаме во ова искуство. Навивачите на Аргентина се најлудите во светот. Не сакав да ги учам своите деца да се плашат од животот, затоа сум тука, рече Де Роси, кој го најде потврда за неговите зборови уште првиот ден во Аргентина, каде еден локален земјоделец именуваше новородено теле по неговото име.