Комитската коњаница од Скопје по четири дена јавање денеска стигна во Крушево, каде што беше поздравена од народот.
Тие пред четири дена тргнаа на коњи од пред црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, а вечерва 21 коњаник, меѓу кои има и три девојки, пристигнаа во Крушево каде ќе учествуваат на прославата на најголемиот национален празник Илинден.
На Гумење во Крушево ги пречекаа голем број луѓе, со поддршка за традицијата што со години ја практикуваат.