Откако 11-месечно бебе преживеа пад од петти кат на зграда во Украина, на многумина им стана јасно дека тоа имало вистински ангел чувар.

Јулија Рогак (21) миела садови кога за момент се оддалечила од својот син Демијан.

„Се свртев за секунда, а тој веќе падна од прозорецот“, се сеќава Јулија. „Го погледнав прозорецот и видов дека виси на едната рака“.

„Викав“, вели таа. „Бев во шок и не знаев што да правам“.

Преплашената мајка гледала како раката на нејзиниот син полека се отвора и бебето паднало од прозорецот од петтиот кат. Една жена на улица била сведок на несреќата и почнала да вреска. 

Жицата за алишта пред прозорецот на третиот кат го ублажила падот на бебето. Двајца мажи на улицата виделе што се случува и скокнале за да помогнат. Еден од мажите легнал на тендата над влезот од зградата за да го ублажи падот на момчето.

Вториот маж се искачил на третиот кат и го ослободил момчето од жицата за облека.

„Слушнав врескање од улица. Се плашев да погледнам – вели мајката на момчето, „Но, тогаш погледнав, а мојот син беше во рацете на двајца мажи“.

Сите биле многу среќни и им олеснило што бебето е добро.

„Ако некој таму не ја ставел жицата за алишта, Демијан сигурно ќе умреше“,вели Јулија. „За среќа, тој имаше ангел чувар“.

Лекарот што го прегледал подоцна се согласил со неговата мајка. Откако паднал од петтиот кат, Демијан имал неколку гребнатини и повреди на стомакот и градите. Но, тој е жив и ќе биде се во ред.

„Тој сигурно имал ангел чувар, кој го одржал во живот“, додаде докторот Валентин Мартинук.