Седум чешки туристи беа спасени минатата ноќ во кањонот Невидио, соопшти службата за спасување на Црна Гора.
– Тие ноќеска околу 20 часот останаа заглавени во кањонот, а повикот до Службата за спас го испратија преку Дирекцијата за вонредни состојби при МВР. Во акцијата учествуваа девет спасувачи, извести службата за спасување на Фејсбук.
Туристите биле без водич, помош чекале на крајот на кањонот и не биле животно загрозени.