Населението на Бугарија падна под 7 милиони жители. Тоа се случи во 14 часот, седум минути и три секунди вчера и тоа беше забележано на светскиот бројчаник на населнието од Одделот за економски состојби на ОН, пренесе весникот „Труд“.

Во написот пренесен од порталос Спектар се цитира академик Петар Иванов, шеф на Демографскиот инситут при Бугарската академија кој истакнува дека „секој ден се намалуваме за 220 души, или за девет души на час“.

„Ова е најтажната вест, на најтажниот Петровден. Бугарија е во клиничка, демографска смрт, таа умира“!, коментира академикот Иванов во „Труд“

Дека демографскиот часовник на Бугарија оди фатално брзо, покажува и статистиката – во петокот до 16 часот се родиле 120 бебиња а починале 193 лица.

-Секој ден се намалуваме за 220 души, или девет души на час, односно 13 етнички Бугари плус 4 Роми. Тоа значи дека Бугарите се намалуваат за 13 и стануваат малцинство, а Ромите се зголемуваат за плус 4 и стануваат мнозинство, вели Иванов.

Официјалната статистика покажува дека Бугарија за прв пат имала повеќе од седум миоиони жители во 1946 година – со пописот тогаш се регистрирани 7,2 милиони жители, а во 1985 година се приближува до 9 милиони (8.948.649 луѓе).