Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни сака да се врати во „Театарот на соништата“ откако ќе ја заврши својата натпреварувачка кариера.
Англичанецот помина 13 исклучително успешни години со „црвените ѓаволи“ помеѓу 2004 и 2017 година. Англичанецот потоа се приклучи на тимот на Евертон, а потоа и во тимот од МЛС – Ди Си Јунајтед. Се верува дека американскиот тим ќе биде последен во кариерата на напаѓачот.
Според печатот, Руни има за цел да најде место во тренерскиот штаб на Оле Гунар Солскјер. Самиот играч и неговото семејство сакаат слично враќање во Манчестер.
Близок член на семејството потврдува дека поранешниот англиски репрезентативец е задоволен во САД, но веќе размислува за иднината по крајот на неговите денови како актвен фудбалер.