Турција и САД одлучија да формираат „центар за заеднички операции“ во северниот дел на Сирија, соопштија денеска турските власти.
Американска делегација три дена престојува во Анкара, каде разговараше со турските претставници за избегнување на турска воена интервенција во северна Сирија.
Турското Министерство за одбрана соопшти дека целта на Турција е создавање на „коридор на мирот“ со цел Сиријците да можат да се вратат во земјата.
Но, претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган повеќе месеци се заканува дека ќе покрене офанзива против курдските Единици за заштита на народот, кои имаат поддршка од САД.
За Турција курдските борци се терористи, но САД се потпираат на нив во елиминирање на Исламска држава во Сирија.