Портпаролот и пратеник на СДСМ, Коста Костадинов, како верен сопартиец и сограѓанин на премиерот води битка да го одбрани Зоран Заев и во реалниот и во виртуелниот свет, а истовремено со сето „оружје“ пука по Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
– Заев се соочи со смртта на 27 април, за денес да бидеме слободна држава. Заев се соочи со смртта за денес да сме пред отварање на преговори со ЕУ и да станеме членка на НАТО. Заев се соочи со смртта за денес го реализираме концептот едно општество за сите. Од друга страна Мицкоски се уште не се оградува од оние кои пробаа да ги убијат Заев, пратениците, новинарите, до тој степен што истите ги нарекува патриоти. На Мицкоски му смета правната држава, му смета правдата, му сметаат институциите. Со сите сценарија, со сите лажни вести кои ги пласира Мицкоски треба едно нешто да му биде совршено јасно. Нема да ти помине! Правда ќе има и секој кој што се огрешил пред законот ќе одговара, пишува Костадинов на Фејсбук.
И така секој ден. Со истите „куршуми“: Фалби до небо за розовата слика со економијата во Македонија, одбрана на Заев од сите напади и „за се се виновни Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и режимот“.