Македонија доживува една голема судска фарса и правен апсурд. Специјалното јавно обвинителство го тресе голема криминална афера, а неговите обвинители обвинуваат за криминал и ставаат граѓани во притвор.

По судската и обвинителска летна ферија, деновиве почнаа рочиштата за предметите кои СЈО ги крштеваше со наводно силмболично „Т“ во името на предметот. Но, деновиве наместо на „Т“ граѓаните се сведоци на големата криминална афера поврзана со СЈО на „Р“, односно „Рекет“.

Како што е веќе познато, двајца осомничени од оваа афера се во притвор, а еден по еден обвинителите од СЈО се повикуваат на расипт во Јавното обвинителство за организиран криминал.

Денеска, пак, поради отсуство на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев одложено е рочиште во Кривичниот суд во Скопје за предметот на „Т“ – „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Од Кривичниот суд инфорираа дека Ставрев бил отсутен поради отворено боледување.

Во судот денеска дојдоа сите обвинети со исклучок на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство. Новото рочиште е закажано за 19 август.

Освен Груевски, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање избкрна кампања.

Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.