„Шок… Параван на Бојан Јовановски била хумантираната организација која ја основал, а во неговите нечисти работи бил вклучен и самиот државен врв на Северна Македонија“, пишува српски Курир, повикувајќи се на свој извор, користејќи го името „Северна Македонија“, а кој во изминатите години често го поддржуваше Зоран Заев во неговата битка за доаѓање на власт.

Курир понатаму наведува:

„Уапсениот македонски водител, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, зел 20 милиони евра во кеш со рекетирање на бројни бизнисмени и фирми, открива Курир!

Параван му била хуманитараната организација која ја основал, а во неговите нечисти работи бил вклучен самиот државен врв на Северна Македонија, со премиерот Зоран Заев на чело и некои министри, открива нашиот извор близок до македонските власти“.

Курир понатаму продолжува:

КОНТРОЛИРА ТЕКСТ

„Премирот ја вклучил цела Влада во своите нечисти рбапти, во соработка со Боки 13, рекетирајќи ги од ред угледните бизнисмени. Јовановски ја отворил својата хуманитарна организација со помош на своите врски во Владата и Специјалното обвинителство, а потоа почнал да рекетира. Од еден бизнисмен зел дури 750 000 евра, од друг 350 000, а од трет 250 000 евра. Со тек на времето стигнал до сумата од 20 милиони евра во кеш – наведува нашиот извор“, пишува српски Курир.

Изворот на Курир истакнал:

„Тој додава дека тие не можеле секогаш да го оправдаат потеклото на парите, па ги префрлувале на сметка на стари жени, главно инвалиди, која во замена за тоа добивале мал процент – наведува изворот.

Димче Арсовски, портапрол на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека не рекетирале само Боки 13, Зоран Милески и специјалната обвинителка Катица Јанева, туку и многу други луѓе блиски до Заев:

-Ова е најголем скандал во изминатите 29 години откако постои независна Македонија. Вмешана е обвинителката Јанева, целото СЈО, врвот на Владата и Зоран Заев и останатите. Нашата партија инсистира дека сите тие треба да дадат оставка, а потоа и кривично да одговараат. Очигледно е дека Заев стои зад аферата и на сите начини ја контролира истрагата и ги штити актерите.

БУРНО МИНАТО

Арсовски вели дека основачите на хуманитарната организација всушност се членови на СДСМ и најблиски луѓе на Заев, продолжува Курир:

„Имаме случај каде преку хуманитарна организација која се вика Меѓународен сојуз, се перат огромни пари, а извесна Лилјана Тодоровска за проект за изградба на старски домови добила дури 700 000 евра. Државното обвинителство е само алатка во рацете на Заев за тој да може непречено да ги рекетира политичките неистомисленици и бизнисмени. Боки 13, според некои информации, изнудил 10 милиони евра, па тогаш можете да замислите колкави се тогаш сумите кои ги изрекетирае други за Заев, вели Арсовски“.

ЗАЕВ ЈА ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА СО БАШАНОВИЌ

Курир се осврнува и на соработката на Зоран Заев со Зоран Башановиќ, па наведува:

„Премирот Зоран Заев го продолжил за уште една година советничкиот договор со бившиот естраден менаџер Зоран Башанавиќ и со уште тројца соработници од Србија.

„На надворешните соработници, Влаидмир Цветковиќ, Зоран Башановиќ, Љубомир Шубара и Александар Обрадовиќ договорот им е продолжен за уште година со иста сума како и досега – истакнато е во прес службата на Владата на Северна Македонија.

Се напоменува дека Башановиќ со Заев договорил месечен надомест од 1 500 евра, додека Обрадовиќ, Цветковиќ и Шубара добиваат по 1 200 месечно“, пишува српски Курир.

Инаку, неодамна и Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, говорејќи за овој проблем, ја наведе сумата од 20 милиони изрекетирани евра, сума која ја наведува и изворот на Курир.