Во БиХ, во следните три години се очекува економскиот раст да продолжи со просечна стапка од 3,8 проценти на годишно ниво, според перспективите за БиХ 2020-2022 година на Дирекцијата за економски планирање (ДЕП) на БиХ.
Претпоставувајќи зачувувње на стабилно надворешно опкружување, домашната побарувачка, преку приватна потрошувачка и инвестиции, се очекува да биде главната основа на економскиот раст.
Во информациите се вели дека во тој период се очекува јавната потрошувачка да стагнира, што ќе резултира во намалување на нејзиниот удел во структурата на БДП и со тоа ќе придонесе за економскиот раст на БиХ.
Реформските мерки насочени кон подобрување на бизнис амбиентот во земјата треба да резултираат со поголеми инвестиции (домашни и странски), што ќе го зајакне приватниот сектор, вработувањето, како и надворешната трговија на БиХ.
Во однос на индустриското производство за тој период, во БиХ се очекува позначителен раст на економската активност, во рамките на кој развојот на индустријата треба да игра централна улога, така што очекуваните стапки на раст на физичкиот обем на индустриското производство, според проекцијата ДЕП, се до пет процент на годишно ниво.
Растот на индустриското производство се објаснува со очекување дека реформските мерки за подобрување на деловното опкружување што ги спроведуваат надлежните институции во БиХ треба да доведат до мерливи резултати.