Платите растат во континуитет, најавуваме и нови зголемувања, концептот парите кај граѓаните дава резултат, изјави министерот и член на ЦО на СДСМ, Дамјан Манчевски на маалска средба во Македонски Брод.
– На маалската средба се разговараше за реформите и реализираните мерки кои обезбедуваат подобар живот за граѓаните и повеќе пари назад, кај граѓаните. Концепот парите кај граѓаните, придружен со реални економски политики дава резултат. За само две години успеавме да реализираме голем дел од мерките кои значат помали трошоци за граѓаните, а воедно обезбедуваат повеќе пари за секое семејство. Платите растат континуирано. Просечната плата е зголемена за 4.1% во споредба со лани, односно за една година пораснала над 1.000 денари и сега изнесува 25.205 денари. Следува ново покачување на платите. Најавивме денеска од септември се зголемивуваат платите во образованието за 5%. Преку мерката „Мој ДДВ“ веќе се скенирани над 11 милиони сметки со промет на 5,5 милијарди денари со што над 1,5 милиони евра ќе се вратат кај граѓаните, се вели во соопштенито од СДСМ за маалската средба.
Натаму се дополнува дека и „аграрните реформи даваат резултат, поделени се 50 илјади картички за зелена нафта со што земјоделците добиваат 30 отсто намалување на цените“.
– Се’ што прави оваа Влада е во корист на граѓаните, ги намалува трошоците и обезбедува повеќе пари за секое семејство, истакна Манчевски. Манчевски потенцираше реализаицја и на неколку локални проекти, истакнувајќи дека е изградена нова водоводна мрежа, а се реконструира и патот од мостот на реката Треска до крајот на селото. Тимови на СДСМ ги евидентираа забелешките и предлозите на граѓаните. СДСМ останува на страната на граѓаните и го слуша нивниот глас. Зборот важи, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ.