Вулканот на италијанскиот остров Стромболи денеска се активираше и исфрли големи количини пепел и чад.
Експлозија со висок интензитет е регистрирана во 10:17 часот по локално време, а досега нема пријавено никаква штета, објави италијанскиот институт за геофизика и вулканологија.
Како мерка на претпазливост, претседателот на сицилијанската област Нело Мусумечи на неколку часа забрани паркирање на приватни чамци и јахти во марината.
„За среќа, немаше ниту човечки жртви ниту материјална штета“, напиша тој на својот профил на Фејсбук.