По серијата контроверзии и скандали, британската пејачка повторно е цел на критики во јавноста. Овојпат поради „оскудната“ и проѕирна тоалета со која се појави на доделувањето на Џи-кју наградите.
Косовката дојде на шоуто во црн проѕирен фустан и хулахопки кои ѝ оставаат малку простор на имагинацијата. Црната чипка, градникот и чорапите не оставија никого рамнодушен, а Британците на интернет сѐ уште негодуваат за оваа појава на една од најголемите поп-ѕвезди во земјата.
– Зошто пејачката се облекла како „дама на ноќта“?, гласи еден од интернет-коментарите.
Сепак, имаше и такви но кои нејзиниот стил им се допаѓа.