Музејската продавница лоцирана во Порта Македонија од денеска е повторно отворена.
По подолг период, граѓаните, но и туристите во специјализираната продавница на Музејот на Македонија, ќе може да пронајдат бројни сувенири и разни производи.


Од Музејот посочуваат дека музејската продавница ќе работи од понеделник до сабота, од 9 до 17 часот. В недела и на државни празници продавницата нема да работи.



Дел од понудата во музејската продавница се сувенири, копии, чадори, магнети, привезоци и многу други.
-Благодарност за соработката до директорката на Музејот на македонската борба, Анче Илиевска. Се надеваме дека во периодот кој следи ќе продолжиме со добрата интер институционална соработка. Благодарност од страна на Директорот до сите вработени во Музеј на Македонија кои се потрудија изминатите две недели ова место да го вратат во кондиција да биде средено и функционално, по подолг период, стои во објавата на Музејот на Македонија.





