Италијанскиот шампион Јувентус покажа интерес за голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа, пренесува „Фудбал Италија“.

Според достапните информации, Шпанецот одбива да го обнови договорот со Манчестер јунајтед и ќе стане слободен играч на крајот на сезоната.

Јувентус сака да го добие Де Хеа без обештетување и се очекува да направи прелиминарен договор со голамнот во јануари.

Доколку Де Хеа дојде во Јувентус, сегашниот голман Војчех Шчесни ќе го напушти Торино.

28-годишниот Де Хеа има одиграно четири натпревари за Манчестер јунајтед оваа сезона, прими четири гола и еднаш ја зачува мрежата „сува“.