Некој мислеше дека на Тамара навистина толку и бил капацитетот, згрешила или пак не ја научила химната на Македонија и дека ненамерно немаше химна при посетата на Ципрас, пишува на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на ОК Карпош, Тони Јаревски.
– Доколку некој се уште е на тој став се лаже самиот себеси. Уште еден чин од процесот на демонтажа на Македонија, македонскиот јазик, идентитет и код е со актуелната наставна програма за нашите деца во 6-то одделение. Во новата програма химната е отстранета и наместо химната, власта смета дека поважно за ќерка ми (да, и моето дете е 6 одделение) е да ја научи и пее Dzelem, Dzelem и албанската Shtatori. Како врв на ова малоумие е и официјалното објаснување од Бирото за образование дека морало да се исфрли химната од учебниците бидејќи програмата била пишувана после уставните измени?!- пишува Јаревски.