Лондонската медицинска сестра Жозефин Љаму (51) е осудена во Бирмингем на 14 години затвор затоа што сакала да присили 5 Нигеријки да работат како проститутки во Германија, откако ги исплашила со вуду обреди.
„Покажавте целосен презир кон доброто за тие жени. Не ги сметавте за човечки битија, туку робови кои вам ви носат многу пари“, рече судијата Ричард Бонд на судењето на Љаму позната и како Мадам Сандра.
Таа и покрај скромните примања како медицинска сестра често патувала во странство и имала голема куќа во Бенин во Нигерија, каде вработила и послуга.
На жртвите практикувала вуду обреди за да ја зголеми својата моќ над нив, а морале и да изедат пилешко срце и крв од црви, се наведува.
„Жените мислеле дека на нив или на нивните семејства ќе им се случи нешто лошо доколку не ги исполнат своите обврски кон неа или се обидат да побегнат, се наведува.