Едно лице загина, а најмалку две се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се сличила во населбата Бресница, недалеку од Врање, Србија.
Во сообраќајната несреќа учествувале две возила. Загинатото лице се возело во автомобилот „голф“ со српски регистарски таблички, кој по судирол излетал од патот. Неколку од патниците се повредени, пренесува српски „Телеграф“.
Според порталот, во другиот автомобил полесно повредени се двајца македонски државјани, во чие возило се активирале воздушни перничиња.. Тие се враќале од Холандија, каде само што го купиле автомобилот.
Фото: Телеграф.рс