Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони не беше задоволен од изданието на „росонерите“ во натпреварот од 4. коло на италијанскиот шампионат со градскиот ривал Интер (0:2).
– Се обидов да го гледам на ТВ, но по некое време фудбалот на Милан едноставно ме разочара. Малдини и Бобан? Следното прашање … Само ќе кажам дека ги поддржав кога беа играчи, истакна Берлускони.
По четири рунди во Серија А, Милан има две победи два пораза и се наоѓа на 12. место.