Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил смета дека раководството на клубот треба да потроши околу милијарда евра за трансфери за да се приклучи во борбата за трофејот.
– Мислам дека на Солскјер му требаат уште 3-4 засилувања за да го зголеми квалитетот во тимот. Само така Јунајтед ќе може да се бори за титулите. На нив дефинитивно им се потребни неколку стотици милиони евра. Поминаа тие денови кога беше лесно да се замени кој било играч, изјави Невил.
Веројатно Јунајтед треба да потроши една милијарда евра за зајакнување на составот. Зошто? Гринвуд, Марсијал и Рашфорд се повредени. Главниот напаѓач на тимот е Џеси Лингард. Еве кон што доведе трансфер политика на клубот, додава Невил.
Манчестер по шест кола во Премиер лигата е на 8. место со осум бода