Калчолигашот Аталанта излезе со официјална изјава по натпреварот од 4. коло од италијанскиот шампионат против Фиорентина (2:2). Реакцијата се случи по расистички скандирања на нејзините навивачи кон дефанзивецот на Фиорентина, Далберт.

– Нашиот клуб категорично се спротивставува на каква било форма на дискриминација. Аталанта секогаш се залагаше за принципите на еднаквост и солидарност. Ние мора да се бориме заедно против мал грст луѓе без морални принципи. Расистите мора да бидат изолирани од фудбалот, стои во соопштението на Аталанта.

Барање за спречување на се почестите расистички испади, до надлежните во италијанскиот фудбал вчера упати и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.