Во Битола утре ќе биде празник на ракометот затоа што гостува европскиот вице-првак Веспрем кој во нашата спортска сала ќе настапи со Манасков, Мае, Лауге, Тонесен, Борозан, Мораеш и други светски познати ракометари.
На прес-конференција во Битола тенерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски изјави дека несреќните порази во европската Лига на шампиони се минато, а погледите се свртени кон СЕХА лигата во која сакаме да бидеме на едно од првите две места во групата.
-Утре ќе го дадеме нашиот максимум за да успееме затоа што знаеме дека ракометот не се игра според имињата, нити според буџетот на екипите. Утре ќе биде празник на македонскиот ракомет и верувам дека ракометна Битола ќе ужива во натпреварот. Очекувам полна сала за овој дерби натпревар во кој сепак Веспрем е фаворит, но ние се подготвуваме за изненадување и успех, истакна Алушовски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Веспрем се игра утре во 17:15 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола