Поранешниот специјален американски претставник за Украина, Курт Волкер, денеска ќе сведочи пред три комитети на Претставничкиот дом, за неговата улога во врските на претседателот Доналд Трамп со Украина.

Закондавците сакаат да дознаат дали Волкер е поврзан со жалбата на свиркачот дека Трамп побарал помош од украинскиот претседател Володимир Зеленски, за да добие информации против политичкиот ривал на Трамп, Џо Бајден, и неговиот син Хантер.

Бајден постариот е поранешен потпретседател, и еден од најсериозните кандидат за демократски претседателски кандидат на изборите следната година.

Законодавците се интересираат за позадината на содржината на телефонскиот разговор меѓу Трамп и Зеленски во јули годинава, чиј транскрипт Белата куќа го објави неодамна, и постапките на Вокер по тој разговор.

Комисиите ќе испитуваат и за за активностите на личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани, кој наводно бил инспиратор на идејата, прифатена од Трамп, Зеленски да го истражува бизнисот на семеството Бајден во Украина.

Овие обвинувања излегоа на виделина минатата недела, кога свиркачот поднесе жалба до генералниот инспектор за разузнавање на САД основанпо на искази на официјални лица на Белата куќа, дека Трамп, исто така, барал Зеленски да се сретне и да разговара со Џулијани и главниот правобранител Вилијам Бар.

Во жалбата се споменува и името на Волкер, кој ден по објавената жалба, поднесе оставка. Се дознава дека тој помогнал во обидите да се организираат средбите меѓу Џулијани и Зеленски.

Стејт департментот изјави дека на барање на советникот на Зеленски, Волкер го поврзал со Џулијани.

Сведочењето на Волкер пред претставници на Комитетите за разузнавање, надзор и реформи и за надворешни работи е во сеасија затворена за јавноста. Овие комитети, претседавани од демократи, се во центар на истрагата за импичмент на претседателот Трамп.