Најмалку девет луѓе загинаа откако потона брод со мигранти во близина на италијанскиот остров Лампедуза.
Италијанската крајбрежна стража соопшти дека спасила 22 лица од бродот со кој се превезувале околу 50 луѓе, а пронајдени се и девет безживотни тела. Помеѓу исчезнатите лица има и осум деца.
Бродот со мигранти тргнал од Тунис, а со него се превезувале Тунижани и од западно африканските држави.