Одбранбениот фудбалер на словенечката репрезентација Бојан Јокич ја истакна важноста на претстојните натпревари од квалификациите за ЕУРО 2020.

Словенците в четврток (10 октомври) ќе и гостуваат на македонската репрезентација, три дена подоцна играат со Австрија.

– Имавме добри настапи во септември и сега се чувствуваме сигурни. Пред нас се два важни натпревари. Ако победиме на двата тогаш ќе се доближиме до Европското првенство за 70 проценти. Македонија има добар тим, можеби најдобриот во последните десет години. Не е лесно да се игра со неа. Немаат освоено толку многу поени, иако играа добро. Треба сериозно да се сфати противникот и тогаш сè ќе биде добро, изјави Јокич.

Токму во Скопје по два дена Јокич ќе има можност да го одигра јубилејниот 100.натпревар за него во словенечкиот национален тим.