Жена отрула шест роднини со цијанид за пари во временски период од 14 години, објави Гардијан.
За тие години Џоли Томас од јужната индиска држава Керала била мотивирана од жебата да ги контролира финансиите во семејството.
Томас (47) станала осомничена дури откако сопругот на сестра и се посомневал во неа.
Првата жртва била мајката на сопругот која ја отрула со цијанид во супа во 2002 година.
Во 2008 година го убила и таткото на сопругот на истиот начин. Во 2011 година на ред дошол сопругот кој бил отруен со цијанид ставен во јадење со ориз и кари. Во неговото тело бил откриен цијанид, но полицијата по нејасна причина го класифицирала смртта како самоубиство.
Чичкото на сопругот бил отруен со цијанид во кафе откако инсистирал на аутопсија на телото на својот роднина.
Последните две жртви биле 2-годишната ќерка на Скарија Шаџу, братучед на отруениот сопруг. Таа го отрула детето во 2014 година, и две години подоцна ја убила и сопругата на братучедот.
Двете труења биле со цел Томас да се омажи за Шаџу што станало факт во 2017 година. Полицијата ги ексхумирала останките на сите жртви на Џоли Томас и соопштиле дека кај сите е отриени траги од цијанид. Томас признала дека ги извршила тие убиства.