По победата против Црна Гора на гостински терен, селекторот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија до 21 година, Благоја Милевски не го криеше задоволството, откакоизјави дека оваа генерација мора да напредува на секој следен дуел и да ја продолжи низата победи.
– Честитки за фудбалерите. Посакувам само да продолжи да не краси овој пристап. Момците максимално сериозно влегоа во натпреварот и успеавме да ја оствариме целта. Имаме уште многу работи за поправање во играта, но добро е што победуваме и кога има одредени недостатоци во играта. Тоа ќе се обидеме да го поправиме на следните натпревари. Овој дуел во Подгорица го забораваме и уште вечерва се концентрираме на домашниот натпревар против Казахстан, изјави Благоја Милевски.
Македонската репрезентација до 21 година по денешниот меч во Подгорица има максимални шест бодови по две кола во групата од квалификациите за Европското првенство 2021.