Пред неколку дена, светската фудбалска sвезда Лионел Меси изјавија дека имало момент, кога можел да ја напушти Барселона. Исто така, претседателот на клубот Пеп Марија Бартомеу изјави дека постои клаузула во договорот на Меси што му дозволувал да ги напушти Каталонците пред последната сезона од неговиот договор, но бил сигурен дека лојалноста на Аргентинецот нема да го изневери.
– Меси има договор што го потпиша пред две години за уште четири. Пред последната сезона 2020-21, тој може да ја напушти Барселона, да се повлече од фудбалот или да игра каде што сака, изјави Бартомеу во септември.
Сепак, се чини дека фудбалерот роден во Росарио ќе остане на „Камп Ноу“ и ќе потпише нов договор со шпанскиот шампион. Во интервју за каталонското радио „РАЦ-1“, 32-годишниот Меси изјави дека е подготвен да го обнови договорот со Барселона:
– Ако ме сакаат, јас ќе бидам поласкан. Мојата идеја е да останам тука засекогаш. Засекогаш било така и останува така. Ништо не се сменило“, рече Аргентинецот.
Тој исто така рече дека не знае кога ќе започнат преговорите за неговиот нов договор, но потврди дека нема да има проблем за време на разговорите помеѓу неговиот татко, Хорхе Меси и управата на каталонскиот клуб.