Во Црна Гора, во 2018 година 99 лица извршиле самоубиство, со што се вброи меѓу 10 земји во Европа со најмногу суицид.
Весникот „Дан“,според податоци на Светската здравствена организација, објави дека во просек 110 граѓани во Црна Гора годишно извршуваат самоубиство, што претставува зголемување за 35 проценти од почетокот на 21 век. Причината се бара во зголемениот број на лица кои страдаат од депресија и зависници од алкохол и дрога.
Од акцијата за човекови права, ги повикаа надлежните институции (Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална заштита, Министерството за правда) итно, во рамките на нивните надлежности, да ги преземат мерките предвидени со Стратегијата за заштита и унапредување на менталното здравје во Црна Гора.
Пред се, се бара да се воспостави телефонска линија за да им се помогне на децата и младите во криза и да се подобри функционирањето на тимовите формирани во центрите за ментално здравје.
– Нема соодветни услови за лечење на лицата со ментални заболувања во Црна Гора, велат од организацијата.