Адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп, Руди Џулијани е под истрага на федералните обвинители во Њујорк поради евентуално кршење на законите за лобирање, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на два анонимни извори блиски до истрагата.

Еден извор рече дека истрагата се однесува на обидот на Џулијани да ја дискредитира поранешната американска амбасадорка во Украина Мари Јованович.

Двајца бизнисмени од Флорида, поврзани со Џулијани, беа обвинети во четвртокот за кршење на фералните прописи за финансирање на политички кампањи. Тие двајца, играле клучна улога во обидите на Џулијани да покрене истрага за корупција во Украина против кандидатот за демократски претседател, Џо Бајден и неговиот син Хантер.

Канцеларијата на федералното обвинителство во Менхетен одби да го коментира написот во Њујорк тајмс.