Поранешниот тренер на „Вардар“ и екс македонски селектор, Зоран Кастратовиќ, ќе биде новиот тренер на ракометниот клуб „Металург“.
Кастратовиќ е без ангажман, последна работа му беше како селектор на Иран, а го водеше и националниот тим на Црна Гора. Клубот од скопска Автокоманда со овој искусен стручњак ќе брка место во групата фаза на ЕХФ купот. Ждрепката е утре, и Кастратовиќ ќе може да почне да крои тактика.
Официјализацијата на договорот најверојатно ќе се случи во текот на утрешниот ден. Металург сезонава тргна со Дамир Стојановиќ на клупата, но соработката траеше кратко. Металурзите имаа долга листа на кандидати, но се одлучија за Кастратовиќ, кој им беше при врвот на желбите.