Германската канцеларка Ангела Меркел ги спореди денеска обидите за придвижување на преговорите за Брегзит од мртва точка со „пресметување квадратура на круг“, но вети дека до последен момент ќе работи на договорот со кој Велика Британија на уреден начин ќе излезе од ЕУ.
– Тоа што се обидуваме да го договориме наликува на пресметување квадратура на круг и тоа е премногу комплицирано, истакна Меркел.
Таа додаде дека „за уреден британски излез ќе работи до последен момент“, но ЕУ е подготвена и за сценарио на Брегзит без договор.
Германската канцеларка нагласи дека „една работа е веќе сега јасна“, а тоа е дека Велика Британија ќе стане „уште еден конкурент на прагот на Европа“ и затоа „ЕУ мора да биде покомпетитивна и да преземе геополитичка одговорност“.