Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека очекува државата да го добие заслужениот датум за почеток на преговори бидејќи е испорачано од наша страна се што е побарано од ЕУ, но сепак остава простор да се почека конечната одлука што треба да ја донесат лидерите на ЕУ на Самитот во Брисел утре и задутре.
-Ние како држава направивме навистина се што требаше да биде направено за да добиеме датум за почеток на преговорите односно да ја добиеме одлуката за преговори. Кога се разговара за тоа дека Македонија ги исполнила сите критериуми и дека очекува тоа што го има завршено и одработено да го добие, ние навистина го очекуваме тоа на 17 и 18 да се случи. Така што би оставил до утре или задутре да почекаме па можеби сите заедно ќе се радуваме на големата победа на државата, изјави, Спасовски одговарајќи на новинарско прашање дали изјавата на премиерот Зоран Заев дека ако не добиеме датум Владата ќе падне, значи и одржување предвремени избори.