СДСМ како одговорна партија, во изминатите две години спроведе низа мерки и политики кои обезбедуваат зголемување на животниот стандард, намалени трошоци и намалување на стапката на сиромаштија, соопшти денеска владејачкиот СДСМ.
– Минималната плата се зголемува на 14.500 денари, што е за 2.000 денари повеќе од сегашниот минимум, односно дури за 5.500 денари повеќе од минимумот во текстилната, кожарската и чевларската индустрија во 2016 година. Воведовме социјална реформа која го подобрува животот на околу 300.00 граѓани. Социјалната помош се зголеми и до 300 отсто. За три пати е зголемен опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток. Тоа е многу важно за извлекување од детска сиромаштија. За оние граѓани кои не ги исполнуваат условите за добивање пензија, воведовме социјална државна пензија, а наскоро се очекува значително зголемување на сите пензии, соопштува СДСМ.
Натаму се додада дека „трајно го решивме проблемот со стечајните работници“.
– Со последните измени на Законот за стечајци, за 12.000 наши сограѓани е обезбеден месечен надоместок од над 8.000 денари кој ќе го добиваат до нивно пензионирање. Паралелно со ова, ги намалуваме и трошоците во домаќинствата што е во насока на полиитките за извлекување од сиромаштија. Ја укинавме радиодифузната такса, воведовме евтина дневна тарифа на струјата, намалени се сметките за парно, а во неколку општини, намалена е и цената на водата за пиење. СДСМ како партија продолжува со мерките и политиките што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани, се вели во соопштението.