Ситуацијата во Сирија е критична, тоа сите го следаат и сфаќаат, а консултации по тоа прашања меѓу Турција и Русија се нужни, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин.
– Сакам да изразам надеж дека нивото на руско-турските односи кое беше постигнато во последно време, ќе одигра улога во решавањето на сите сложени прашања кои се појавија во регионот и ќе ни овозможи да пронајдеме одговори на сите, дури и на многу тешките прашања кои се во интерес на Турција, Русија и сите во регионот, рече Путин на почетокот на средбата во Сочи со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган.
Турскиот претседател вчера изјави дека Анкара „ќе преземе чекори“ во Сирија по разговорите со Путин. Денеска изминува рокот од пет дена за запирање на турската воена операција.