Големо невреме и поројни дождови го зафатија јужниот дел на Франција.
Бурата предизвика поплави во некои француски градови.
Метеоролозите прогнозираат дека лошото време во регионот ќе трае до утре.
Објавен е портокалов аларм во неколку департманти, а 600 пожарникари се мобилизирани за да им помогнат на оние кои се најпогодени од стихијата.