Соработката во одбраната меѓу Северна Македонија и САД е на највисоко ниво и дека со членството на нашата држава во НАТО таа ќе се зајакнува, истакнале на денешната средба министерката за одбрана Радмила Шекеринска и Метју Палмер, заменик – помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западниот Балкан, кој е во посета на нашата држава.

На средбата, соопшти Министерството за одбрана, стана збор за НАТО перспективата на државата која со ратификацијата во Сенатот на САД и уште 25 земји членки на НАТО е сосема јасна – Северна Македонија наскоро ќе биде потврдена како 30. земја – членка на НАТО. Високиот гостин од американскиот Стејт Департмент ја реафирмираше поддршката на САД за нашата земја и за европските перспективи на државата.

– Ратификацијата во Сенатот на САД и посетата на американскиот државен секретар Помпео се силен доказ за стратешкото партнерство и поддршката од САД за Северна Македонија. Недонесувањето на одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори не ја менува нашата одлука – да работиме на остварувањето на нашите стратешки цели – членството во Европската Унија и НАТО, рече министерката Шекеринска.