Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, ја критикуваше играта на својот тим во натпреварот од 10. коло на германската Бундеслига.
Баерн денеска загуби со 5:1 на гостувањето во Франкфурт кај Ајнтрахт.
– Го започнавме натпреварот добро, но по осум минути сите наши планови беа уништени. Тешко е кога играте 80 минути со фудбалер помалку. Но, тоа не е оправдување за ваков пораз. Ова не смее да му се случи на било кој тим, а не пак на Баерн, потенцира Ковач.
По денешниот пораз, актуелниот германски шампион се најде на 4.место на табелата со 18 бода, четири помалку од лидерот Борусија Манхенгладбах.